еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Дебар нема новозаразени, во детската градинка сите вработени негативни на Ковид-19

Во последното деноноќие во Дебар нема потврдени нови позитивни случаи на Ковид19, со што вкупната бројка останува 82.

Од вкупната бројка оздравени се 48, починаа четворица, додека активни на болеста се 30, од кои повеќето со лесна форма на болеста и се лекуваат во дамашни услови, освен тројца кои се на лекување во Инфективната клиника и болницата „Осми септември“ во Скопје.

Во самоизолација се 76 лица, дел од нив кои се вратиле од странство и подлежат на заодолжителна изолација.

Скринингот на вработените во детската градинка во Дебар, потврдува дека нема заразени на Ковид-19.

„Во оваа предучилишна установа зедовме 68 брисеви. Анализата на овие тестови потврдува дека нема заразени со Ковид-19, што значи кај сите 68 вработени во градинката резултатот е негативен“, изјави Ментор Меља, епидемиолог.

Во градинката превземени се сите потребни мерки, дезинфекција на сите простории и дворното место на градинката, со цел прифаќање на дечињата, кога ќе биде донесена одлука за отворање на градинките.

Денеска градоначалникот Хекуран Дука предупреди дека, според проценката на стручните лица се очекува бројот на новозаразени да се зголеми и упати апел строго да се почитуваат мерките за заштита.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тестови за корона вирусот ќе се прават и во Битола

Филипче: Рано е да се отворат градинките, можно е таму да се зголеми трансмисијата на корона вирусот

Нови 90 случаи на Ковид-19, во Скопје 36

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во СДСМ ќе го охрабруваме различното мислење, најави Заев на партискиот конгрес

Редакција

Од Ковид-19 починале 7 лица, дополнително пријавени уште 6

Редакција

Вкупно 2.739: Од Ковид-19 починаа 13 лица

Редакција