еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар меѓу новозаразените седумгодшно дете и момчиња на возраст од 20 и 29 години

Во Дебар меѓу вчера потврдените 12 нови случаи со Ковид-19 е едно седумгодишно дете, кое се заразило од контакт со блиско лице.

Меѓу нив има и млади лица на возраст од 20 и 29 години, но главно се од 46 до 51-годишна возраст.

Во Дебар, како и во општина Центар Жупа, како што оценија надлежните, епидемиолошката состојба не се смирува, како и во други општини, што потврдува и бројката од над 40 новозаразени во текот на ова недела.

-За жал продолжува непочитувањето на мерките и протоколите. Преполни се кафулињата, маркетите, редиците луѓе пред банките, групирањето по домови, без при тоа да се почитуваат пропишаните мерки за заштита.

Апелираме до сите да бидат внимателни и строго да ги почитуваат мерките, бидејќи само така ќе можеме да се заштитиме, апелираше епидемиологот Ментор Меља, раководител на Работната единица на Центарот за јавно здравје.

Во двете општини, кои беа прво жариште на заразата, досега опасниот вирус е дијагностициран кај 673 лица, меѓу нив и неколку деца на возраст до една година.

Моментно активни на болеста се 128 лица, од нив во Инфективното одделение при Општата болница со проширена дејност во Дебар се хоспитализирани 10 лица, кои се на кислородна подршка, амбулантски се лекуваат во просек 10 до 15 пациенти дневно, додека неколку се третираат во здравствени установи во Скопје.

Битката со опасниот вирус ја загубија триесеттина лица.

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Меѓународен сојуз” требаше да обезбеди земјиште во Карпош по цена од 1.50 до 1.80 евра за кавдрат, рече бизнисменот Амзовски на судењето

Редакција

Вкупно 8.111: Нови 136 случаи на Ковид-19, во Скопје најмногу

Редакција

Во истрагата за пожарот во Кочани се вклучуваат уште 11 обвинители, ќе се испитуваат повеќе од 300 сведоци

Редакција