еМагазин
Image default
Балкан

Во Германија најмногу од „увезените“ случаи со Ковид-19 се од Косово

Германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох (РКИ) подготви листа на земји во кои се заразиле најголем број Германци.

РКИ наведува дека од средината јуни, по првото отворање на границите, забележан е раст на лица кои се заразиле со новиот коронавирусот додека престојувале во странство.

Пред „затворањето“ во средината на март, уделот на увезени случаи, според РКИ, изнесувал 46 проценти, а по затворањето на границите истиот се намалил на 0,4 отсто. По отворањето на границите, уделот на „увезени“ случаи повторно се искачи на 31 процент.

На прво место на листата од 15 држави, се наоѓа Косово, од каде 1.096 лица го „донеле“ вирусот во Германија. На второ место е Турција со 501 случај, а потоа Хрватска со 260.

На четврто место е Србија со 196 случаи, Бугарија – 166, БиХ – 156, Романија со 113, Полска – 112, Шпанија – 107, Северна Македонија – 92, Албанија – 86, Холандија – 50, Австрија – 44 и Франција и Украина со по 43 случаи.

Германските власти не знаат зошто е висока бројката на инфицирани повратници од Косово, но претпоставуваат дека тоа е поради тоа што голем број муслимани од Германија отпатувале во земјата на потекло за празникот Бајрам.

Од 8 август е во сила задолжителното тестирање на лицата кои се враќаат во Германија од ризичните региони, како и двонеделен карантин.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драма на солунското небо: Пожар во пилотска кабина приземји авион на „Рајанер“ со 164 патници кој летал за Атина, а слета во Солун

Редакција

(Видео) Хорор во Црна Гора: 34-годишен маж убил најмалку 11 лица помеѓу кои и деца, а потоа бил застрелан

Редакција

(ВИДЕО) Силен земјотрес во Измир: Најмалку 4 жртви, морето го поплави градот

Редакција