Едно лице починало од повреди нанесени од огнено оружје вечерва во центарот на Гостивар. Според првичните информации се работи за убиство на кое му претходела расправија.
Според СВР Тетово, завечерва околу 19 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавено е дека во гостиварската болница „Ферид Мурад” бил донесен 28-годишниот гостиварец Г.А.
На гостиварецот му била констатирана, влезно-излезна прострелна рана во главата. Му била укажана лекарска помош, но Г.А. им подлегнал на задобиените повреди.
Во тек е увид што го вршатЈавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Се преземаaт мерки за расчистување на случајот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.