еМагазин
Image default
Македонија

Во Кичево тројца новозаразени со Ковид-19, едно лице почина

Во Кичево денеска има три нови лица заразени со Ковид-19 и седум лица кои се оздравени, а едно лице почина.

Според податоците од Министерството за здраство во Кичево, вкупниот број на заразени со Ковид-19 достигна 160, од кои 97 се активни, 55 се излекувани и осум лица се починати.

-Денеска кај нас се забележани три новозаболени лица, од кои сите три се лекуваат во домашни услови и под надзор на нивните матичени лекари. Нивната општа здраствена состојба е стабилна, се разбира сите се во изолација, седум лица за среќа успеаја да ја добијат битката со вирусот.

Од друга страна денеска за жал имаме едно лице – пациентка на возраст од 41 година која ја загуби битката со вирусот, истакна Д-р Џабир Бајрами, член на Општинскиот кризен штаб во Кичево.

Тој упати апел до сите граѓаните да се држат до препораките дадени од надлежните здравствени институции. 

МИА/Фото: Општина Кичево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир повторно прв: Активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Починаа 7 пациенти од Ковид-19, меѓу нив и момче на 27 години од Битола

Убава вест: 144 оздравени пациенти од Ковид-19, од Скопје дури 105

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За македонската Влада пораките од Бугарија не се пријателски

Редакција

Адвокатката Николовска: Начинот на испитување на сведокот Вељаноски е надвор од законот

Редакција

Драматичен раст: Нови 999 случаи на Ковид-19 од 7.245 тестирањa

Редакција