еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Косово е Ден на жалост, по убиството на полицаец на северот на државата

Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прогласи понеделник, 25 септември, за ден на жалост во државата, во чест на полицискиот старешина Африм Буњаку, кој вчера беше убиен во напад на вооружена група на северот од државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното соопштение од кабинетот на Османи се наведува дека „државниот протокол ќе ги преземе сите потребни дејствија за спроведување на одлуката“.

Началникот на косовската полиција, Буњаку беше убиен, а уште еден граничен полицаец беше ранет во вчерашниот напад од група од, според косовското МВР, околу 30 маскирани и униформирани лица, кои поседувале тешко оружје, во селото Бањска, кај Звечане во северно Косово.

По реакцијата на косовските специјалци, најмалку тројца од напаѓачите се убиени, а неколкумина се уапсени. Полицијата синоќа го зазеде манастирот во Бањска, каде што групата се засолнила по извршувањето на нападот.

Косовските власти, премиерот Албин Курти, претседателката Османи, министерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља и други, го посочија официјален Белград и директно српскиот претседател, Александар Вучиќ, како „нарачател, инспиратор, организатор и извршител“ на нападот, чија цел, според Приштина, била дестабилизацијата на Косово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Србите на Косово се побунија, бидејќи не сакаат повеќе да го трпат теророт на Албин Курти,“ изјави Вучиќ за убиството на полицаецот

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа пет пациенти од Ковид-19, најмладата има 46 години

Редакција

Кој е лидерот на платеничката група Вагнер, кој се осуди да го предизвика Путин

Редакција

Брз електронски пристап до 94 различни услуги од Катастарот

Редакција