еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Косово убиен косовски полицаец, а друг ранет, Приштина го обвини Белград за инцидентот

Еден припадник на полицијата на Косово е убиен, а уште еден е ранет рано утрово во напад на засега непознати и маскирани лица во селото Бањско во Лепосавиќ, во северно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот премиер Албин Курти преку објава на Фејсбук информира дека околу 3 часот по полноќ била нападната косовската полиција во Бањска, а како последица на нападот полицискиот наредник А.Б. е убиен, доддека ранет е уште еден граничен полицаец.

Курти вели дека истрелите од огнено оружје продолжуваат и натаму утрово.

– Денеска околу три часот по полноќ во селото Бањско во Лепосавиќ е нападната косовската полиција, при што еден косовски полицаец е убиен, а друг е повреден. Убиениот е полицаец со чин наредник, додека повредениот е припадник на граничната полиција. Во овој момент продолжува пукањето од огнено оружје од различен калибар кон нашата полиција. Напаѓачите се професионалци со маски и вооружени со тешко оружје, напиша Курти.

Тој го обвини официјален Белград дека е одговорен за нападот кој, според него, е насочен против косовската држава.

– Го осудуваме овој криминален и терористички напад. Организираниот криминал со политичка, финансиска и логистичка поддршка од официјален Белград ја напаѓа нашата држава. Во оваа битка го штитиме и спроведуваме законот, ги штитиме и чуваме сите граѓани без разлика и независно Косово. Извршителите и нивните наредбодавачи нема да успеат, ќе бидат фатени, судени и казнети.

Владата на Република Косово и државните институции се подготвени и координирани да одговорат на криминалот и криминалците, теророт и терористите. Косовската полиција го извести семејството на убиениот полицаец А.Б. Повредениот полицаец е надвор од животна опасност. Сочувство до семејството и сите за нашиот убиен полицаец. Брзо и целосно закрепнување на повредениот полицаец, напиша Курти.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Издадена еврообврзница од 500 милиони евра, со каматна стапка 7%

Редакција

Антикорупциска бара кривично гонење на Наумче Мојсовски, директорот на Агенцијата за млади и спорт

Редакција

Собранието за патни расходи потрошило 735.000 евра во 2019 година

Редакција