еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа има 3 хоспитализирани пациенти, а вкупно се лекуваaт 57

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје има три хоспитализирани нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информира Министерството за здравство.

Вкупно 57 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

„Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември исто така е примен еден пациент, и еден нов заболен е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 8 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 18 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежи 31 пациент,“ се вели со соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И рускиот министер Лавров сака да дојде на Самитот на ОБСЕ во Скопје

Редакција

Обвинителството ги гони Вељаноски, Јанакиески, Груевски и Ристоски како организатори за настаните од 27. април

Редакција

Убава вест: Оздравени 222 болни од Ковид-19

Редакција