Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 68 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 688 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 29 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 23 примени пациенти и 7 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 3 нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
На Институтот за физикална медицина се примени 5 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 136 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 33 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 3 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 48 болни,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ