Од 4 мај и постепено, секоја седмица, ќе имаме по едно отворање, ќе ги имаме трговските продавници, училиштата, а на крај и туризмот, рече државниот министер на Грција, Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.
Тој додаде дека целата преодна фаза, ќе трае два месеци односно цел мај и цел јуни, со главен критериум јавното здравје.
– Не е дека одеднаш ќе го вклучиме прекинувачот и ќе се најдеме во ситуацијата на која што бевме навикнато, многу работи ќе останат да бидат дел од нашите животи, односно ќе остане соодветната социјално растојание, ќе остане заштитата на ранливите категории, ќе остане избегнувањето на собири и личната хигиена ќе остане.
Но, од 4 мај и постепено, секоја седмица, ќе имаме по едно отворање, ќе ги имаме трговските продавници, училиштата, а на крај и туризмот, објасни државниот министер на Грција.
Во однос на туризмот, Герапетритис рече дека заштитата на јавното здравје ќе биде главниот предуслов за почетокот на сезоната и истакна дека Грција е во добра позиција и ќе биде особено популарна дестинација, бидејќи конкурентските земји како што се Италија, Шпанија и Турција ќе бидат под силен притисок.
– Туризмот ќе се активира само доколку тоа го дозволат околностите, односно под услов да се заштити јавното здравје и доколку постои можност да се прават неопходните контроли за да можеме да го грантираме нивото што го имаме денес.
Сакам да потенцирам дека благодарение на направените напори, нашите туристички дестинации останаа незаразени, немаме многу големо ширење на вирусот на нашите туристички дестинации и ова ни создава многу голема одговорност да го задржиме ова ниво, рече државниот министер на Грција за ТВ „Скај“
Во однос на туризмот, портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во интервјуто за грчката телевизија „Антена“ рече дека тоа е најголемиот проблем, односно бара решение на голем број прашања, а објасни дека од седмица во седмица или на 15 дена земјата ќе се врати во нормалниот живот.
– Полека полека, до крајот на мај, средината на јуни во голема мерка ќе се вратиме во нормала. Најголемиот проблем и најголемата наша грижа во однос на економската активност е туризмот.
Постојат многу прашања кои треба да бидат решени пред да стигнеме до отворање на туристичките објекти и прием на туристи, без разлика дали се од земјата или од странство, рече портпаролот на грчката влада.
За време на вчерашниот редовен брифинг со новинарите, Пецас рече дека на 27 април или на почетокот на следната седмица грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис ќе го соопшти комплетниот план и „ќе ги информира Грците за следните чекори и планот за враќање во нормала“.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За летување во Грција можно да ни е потребен „здравствен пасош“
(Фото) Ќе изгледаат ли вака плажите во Грција во време на пандемија со коронавирусот