Министерот Бујар Османи, денеска заедно со неговиот бугарски колега Николај Милков, го посети повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кој беше физички нападнат во четврток во Охрид, а кој се лекува во болница во Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
В.д. бугарскиот министер Милков по посетата изјави дека Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на бугарската заедница во Македонија.
„Бугарија цврсто инсистира сторителите на овој чин и други слични дела да бидат казнети со строгост на законот, за да се стави крај на оваа атмосфера на неказнивост што раѓа ново и ново насилство,“ рече Милков, по посетата на Пендиков на ВМА.
Тој додаде дека сака да каже „не“ за заживување на „црните традиции“ кои историски се поврзуваат со Македонија – палење, пукање и насилство врз луѓето.
„За такви работи воопшто нема место во Европа и ние сме крајно загрижени поради тоа,“ додаде Милков.
Според министерот, Пендиков продолжува да добива закани на Интернет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендиков неколку пати ја менувал изјавата, објави СДК
Кој дозволи Пендиков за кого се водат две истраги да биде пренесен во Бугарија?
(Фото) Османи и Милков го посетија Пендиков во болница
МИА/Фото: МНР