еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во март три нови случаи на ХИВ/СИДА, два во Скопје и еден во Битола

Во текот на месец март, пријавени се три случаи на ХИВ/СИДА, стои во месечниот билтен за движењето на акутните заразни заболувања, кој еМагазин редовно го пренесува.

-Од пријавените лица 2 се со ХИВ, а 1 е со СИДА.

Пријавените лица се од машки пол и се 2 од Скопје и 1 од Битола.

Лицата се на возраст од 20-36 години.

Едно лице е хетеросексуалец, а две лица се МСМ.

Во текот на месец март не се регистрирани смртни случај од ХИВ/СИДА.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.03.2023), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 594, и тоа: 123 лица починале, 468 лице живее со ХИВ/СИДА, стои во билтенот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во март 32 нови случаи на шуга и девет на сифилис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државните институции потрошиле 8 милиони евра за нови автомобили во последните две ипол години

Редакција

„На СДСМ им застарува власта на 12 април“: Твитер реакции оти Груевски нема да одговара за „Траекторија“

Редакција

Македонија „старее“: Намален наталитет и негативен природен прираст во четвртиот квартал од 2023 година

Редакција