Во Маврови Анови утрово е измерена најниска температура од седум степени под нулата. Следат Крушево со -6, -4 Охрид, -3 Претор, -2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и Берово, -1 во Прилеп и Дебар, 0 Виница, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран и 5 степени Гевгелија.
Во Маврови Анови во 7 часот е измерена и највисока снежна покривка од половина метар, 26 сантиметри во Крушево, 25 во Попова Шапка, 24 во Пожаране, 18 во Битола, 10 во Охрид, 9 во Ѓуриште, 8 во Дебар, 4 во Берово, Прилеп, 3 во Претор.
За изминатите 24 часа најмногу дожд од 25 во л/м2 има наврнато во Маврово, 21 во Дебар, 17 во Битола, 15 во Охрид, 14 во Пожаране, 13 во Виница, 8 во Претор, Крушево, 7 во Берово, 6 во Крива Паланка, Струмица, Демир Капија, Дојран, 5 во Прилеп, Тетово, 4 во Штип, 3 во Скопје-Петровец, Куманово, 2 во Скопје-З.Рид, Гевгелија.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 70км/ч.), особено вдолж Повардарието и во источните делови.
Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со засилен, повремено силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Фото: еМагазин.мк