еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во наредниот период променливо облачно со дожд и засилен ветер

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме, проследени со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, во четврток ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, а на места ќе има повремени врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер.

Во петок и сабота ќе преовладува сончево и потопло време со умерена облачност, а од недела повторно се очекува дестабилизирање на времето.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еден тим на итна помош во Струмица и Тетово, „покрива“ дури по 40.000 жители дневно

Редакција

Александар Сарџовски нов директор на Енерџи деливери солушнс

Редакција

СЗО препорача државите да ги почитуваат човековите права кога воведуваат заклучување поради Ковид-19

Редакција