Војната во Украина треба да заврши до мај, бидејќи Русија ќе остане без ресурси за продолжување на инвазијата, тврди советникот на украинскиот претседател, Олексеј Арестович.
Повикувајќи се на видео објавено од неколку украински медиуми, Ројтерс известува дека Арестович вели дека точниот момент ќе зависи од тоа колку пари Кремљ е подготвен да посвети на воената кампања, пренесува Н1.
– Мислам дека треба да имаме мировен договор најдоцна во мај, на почетокот на мај, можеби многу порано, ќе видиме, зборувам за најновите можни датуми.
Сега сме на крстопат: или ќе се постигне мировен договор многу брзо, во рок од една или две недели, со повлекување на војниците и сè друго, или ќе се обидат да донесат некои, да речеме Сиријци за вториот круг и, кога и нив ќе ги сомелеме, ќе се постигне договор, било да е тоа до средината на април или крајот на април.
Целосно лудо сценарио може да вклучува Русија да испрати нови регрути по еден месец обука, рече Арестович.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање потврди дека денеска продолжуваат украинско-руските преговори.
Зеленски наведе дека украинската делегација вчера „завршила добра работа“, без да наведе детали.
Тој повторно им се обрати на руските војници, повикувајќи ги да престанат со борбите, истакнувајќи оти „им нуди шанса да преживеат“.
Според Зеленски, руските сили изгубиле 80 авиони, стотици тенкови и повеќе воена опрема за 19 дена борби.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Силни експлозии утринава во Киев: Гранатиран станбен блок, две лица загинаа, има и повредени
МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана