Пратениците со 62 гласа „за“ го избраа Талат Џафери за претседател на македонското Собрание, што е негов втор мандат на оваа функција.
Тој е роден на 15.4.1962 година во гостиварското село Форино.
Во неговата биографија пишува дека говори албански, македонски, српско- хрватски и англиски јазик.
Тој е во брак и има две деца.
Какво образование има
Во 2013 година се здобил со титулата Магистер по одбрана.
Во периодот од 1996 до 1998 година завршил постдиопломски студии- Специјализација за командни и штабни должности на Воената академија “Генерал Михајло Апостолски”- Скопје.
Од 1981 до 1985 година студирал на Воената академија на Копнена Војска – смер пешадија во Белград и Сараево.
Во периодот од 1977 до 1981 година завршил средно образование: Воена гимназија во Белград.
Во периодот од 1969 до 1977 година завршил основно образование во “Përparimi” Чегране, Гостивар.
Работно искуство
Во 2016 година е пратеник во Собранието на Република Македонија како преставник на ДУИ.
Од 2014 до 2016 година е пратеник во Собранието на Република Македонија како преставник на ДУИ.
Од 2013 до 2014 година е министер за одбрана.
Од 2011 до 2013 година е пратеник во Собранието на Република Македонија како преставник на ДУИ.
Од 2008 до 2011 година е пратеник во Собранието на Република Македонија како преставник на ДУИ.
Од 2004 до 2006 година е заменик на министерот за одбрана.
Од 2002 до 2004 година е пратеник во Собранието на Република Македонија како преставник на ДУИ.
Од 1992 до 2001 година е офицер во АРМ, а од 1985 до 1991 година е офицер на ЈНА.
Интересно е што во неговата биографија објавена на веб-сајтот на Собранието никаде не пишува дека дезертирал од АРМ и преминал во редовите на ОНА под прекарот Командант Форина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пратениците го избраа Талат Џафери за претседател на Собранието со 62 гласа „за“
Каков имот пријавил старо-новиот претседател на Собранието, Талат Џафери
Фото: Фејсбук/Џафери