еМагазин
Image default
Македонија

Во објавените резултати од пописот има работи кои се противзаконски, вели Села

Алијанса за Албанците (АА) има многу забелешки за спроведениот Попис 2021. Пописот е државен интерес, а не владин интерес. Требаше да има комисија која ќе ги обработи податоците и да ги соопшти пред јавноста, а не тоа да остане во рацете на директорот и заменик-директорот, без разлика дали им се врзани потписите или не, изјави на денешната прес-конференција во Собранието претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села.

Според Села, во објавените резултати има работи кои се противзаконски, како што за Попис беа предвидени етнички заедници кои се противуставни и не постојат. Села рече дека македонските муслимани ги имаше во Пописот, а ги нема во резултатите и јавно праша за оваа етничката заедница колкав е нивниот процент и каде е пресметан тој.

Посочи дека во пописот учествуваат сите етнички заедници кои се предвидедни во Преамубалата на Уставот или ако тоа треба да се дозволи за сите не мора да стои една или друга етничка заедница, туку да стојат сите. Овој момент, како што потенцира, го прави протиуставен Пописот и става недоверливост на резултатите поради тоа што немаме одговор каде се регистрирани.

Според Села, граѓаните кои поради несигурност, висока корумпираност, партизирано судство и недоверба во институциите, недостиг на економски развој, мигрираат секојдневно и живеат надвор од земјава не е 12 отсто.

-Ако целта на Пописот беше да се прикријат трагите на неуспешните политики и корумпираните политичари кои овие 20 години владееле, тоа на се личи, само на Попис не личи, рече Села.

Додаде дека според анализите на Светска банка, на Евростат, во последните две декади над 30 отсто од вкупно население на државата е иселено.

Села смета дека најнезаконската бројка во Пописот 2021 се 132 илјади граѓани кои, како што рече, се тука, кои немаат ниту идентитет, ниту јазик, ниту религија, само постојат како број. Соопшти дека оваа бројка е противзаконска, противуставна, не треба да стои и го повика Државниот завод за статистика да ја повлече.

Претседателот на АА рече дека граѓаните треба да знаат кој е виновен за резултатите од пописот, наведувајќи ги Зоран Заев, Христијан Мицкоски и Али Ахмети.

-Бесцелно е да се пофалат дека постигнале нешто, се знаат актерите кои не доведоа во ваква ситуација, рече Села.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски: Направивме попис со сите нишани, со највисоките стандарди на ЕУ,

За Ахмети, Пописот е успешен

МИА/Фото: Села/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест починати лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.435

Редакција

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

Редакција

(ВИДЕО) Заев најави смена на повеќе од тројца министри

Редакција