еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во последните три дена, 66 нови случаи на Ковид-19, 66 оздравени, нема починати

Во последните три дена од 21 до 23 октомври се регистрирани 66 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, најмногу позитивни случаи на коронавирусот има во Скопје – 47, Прилеп – 7, Битола – 3, Куманово, Гостивар и Струмица – по 2, Кавадарци, Велес и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 25 реинфекции, а регистрирани сe и 66 оздравени пациенти од Скопје.

Во текот на изминатите три дена не се пријавени починати лица.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 343.916, бројот на оздравени пациенти е 334.073, на починати е 9.559, а бројот на активни случаи изнесува 284.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрагата за тунелот кој го ископаа затворениците во Идризово траела два месеци

Редакција

„Што бе Белорусија фукнал далавера???„: Твитер реакции за грешката на Евровизија и искачувањето на Тамара на седмо место

Редакција

ЛДП: И граѓаните и полицијата да се воздржат од прекумерна сила

Редакција