Во Прилеп денеска е регистриран еден новозаболен од коронавирусот, а едно лице почина, на 84-годишна возраст.
Според прилепскиот Центар за јавно здравје двајца пациенти оздравеле од заразната болест. Моментално се 28 активни случаи.
На Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани пет лица позитивни на корона вирусот.
Во самоизолација се наоѓаат 50 лица, а поради неносење заштитни маски, на 15 граѓани им се изречени прекршочни казни.
МИА/Фото: Општина Прилеп
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денеска околу сто нови позитивни на Ковид-19, се очекува состанок на Комисијата за заразни болести
Поради тие што не веруваат во корона вирусот нема ни да можеме да излеземе од Македонија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.