еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во сабота можност за локално невреме, од недела посвежо време

До сабота ќе се задржи многу топло време со натпросечна температура и со умерен, а во сабота засилен јужен ветер. Под влијание на атмосферски фронт во сабота попладне и во ноќните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на одредени места ќе има невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.

Од недела следува посвежо време со умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења граѓаните да бидат повнимателни и да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот крал на Обединетото Кралство ќе биде Чарлс Трети

Редакција

Во блок-трансакција продадени акции од НЛБ Банка за 664.000 евра

Редакција

Проф. Трајковски: Деновиве стапката на смртност од Ковид-19 е 4,9%, многу повеќе од просекот за целото времетраење на епидемијата

Редакција