еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во салата има само 60 пратеници: Почна собраниската седница за гласање доверба на Владата, Џафери си замина

Во Собранието почна седницата на која најдоцна пред полноќ треба да се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев.

Иницијативата за гласање доверба на Владата со 61 потпис ја поднесоа опозициските ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и владејачката Беса, која беше во коалиција со СДСМ.

По реакција на пратеникот Скендер Реџепи Зејд од Алтернатива, својот потпис вчера од иницијативата го повлече претседателот на Левица, Димитар Апасиев, но и 16 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

На седницата присуствуваат 61 пратеник, но претседателот на Собранието, Талат Џафери ја напушти седницата, бидејќи не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието, Фадил Зендели да ја води седницата по што даде десет минути пауза.

На седницата присуствуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса на Албанците и Алтернатива, Беса и Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Двајцата ковид-позитивни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, во скафандери пристигнаа во Собранието

Меѓу нив се и двајцата пратеници кои се во изолација поради Ковид-19, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ангелика Петкова.

На седницата не присуствуваат пратениците од СДСМ и од ДУИ.

Присутен е и премиерот Зоран Заев и другите членови на Владата.

За Собранието да ја изгласа одлуката за недоверба на Владата потребно е мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Ако биде изгласана недоверба, Владата е должна да поднесе оставка, предвидува Уставот. Но, останува да ја извршува функцијата се до изборот на нова Влада.

На седницата, како што е предвидено во Деловникот за работа на Собранието, по поставеното прашање за доверба на Владата се води претрес.

Право да го образложи прашањето за доверба на Владата има еден од пратениците кои го поставиле прашањето во траење од најмногу 30 минути.

Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници кои не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот се определува во договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата.

Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 20 минути.

Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата, се вeли во член 218 од Деловникот.

За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На опозицијата ќе и фали пратеник: Реџепи од БЕСА нема да учествува на собраниската седница за гласање недоверба на Владата

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинетиoт Трајковски, поранешен градоначалник на Гази Баба, даде одбрана во случајот „ТНТ“

Редакција

Околу 2.300 македонски граѓани се затечени на граници и на аеродромите

Редакција

(Табела) Со која вакцина во Македонија има најмногу вакцинирани против Ковид-19

Редакција