Во Скопје денеска освен првата Парада на Гордоста, ќе се одржи и Марш на гордоста.
Од Повардарската епархија на Фејсбук соопштија дека на истата ќе присуствува и Владиката Агатангел.
“Се известуваат сите благочестиви верни чеда во Господа, дека на утрешната Литургија во храмот на Рождеството Богородично во Скопје, ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел во сослужение на многубројно свештенство од повеќе епархии на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
Литургијата е со почеток во 08,30 часот, и потоа сите заедно ќе учествуваме во поворката посветена на сведочењето на традционалните семејни вредности. Ги повикуваме сите наши духовни чеда, браќа и сестри во Христа, да присуствуваат со цел што посилно да посведочиме, сите заедно со семејствата, што за нас како христијански народ е нормално и прифатливо“, велат од таму.
Маршот на гордоста ќе почне во 11:00 часот.
„Собирот на учесниците ќе трае од 10:30 до 11:00 часот. Собирно место е просторот пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ (спроти Министерството за надворешни работи). Во координација со останатите организации и здруженија, одлучено е Маршот на гордоста да заврши во кругот на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“.
Маршот на гордоста има за цел да ја алармира широката јавност за катастрофалната демографска состојба во земјава и за ургентната потреба од мерки и активности за запазување и афирмирање на семејните вредности.
Нагласуваме дека Маршот на гордоста не е насочен против никого. Ве повикувме сите кои ќе земете учество да се воздржите од насилство и да превенирате насилство. Ние се оградуваме од секој вид насилство, говор на омраза или недолично однесување. Од наша страна ќе бидат преземени превентивни мерки за спречување на евентуални провокации“, велат организаторите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прва Парада на гордоста во Македонија
МВР: Посебен сообраќаен режим за „Парадата на гордоста“ и маршот „Сведоштво за семејство“
Кога и зошто се одржа првата Парада на гордоста