еМагазин
Image default
Локално

Во Скопје за еден ден санкционирани 391 возач

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 391 санкција, меѓу кои за возење без возачка дозвола се 52 лица, додека за пречекорување на дозволената брзина на движење 87 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден технички неисправни и нерегистрирани возила биле 74, седум се санкционирани мотоциклисти, 92 мерки се изречени за непрописно паркирање, а 11 казни се за неносење на заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, стои во соопштението од МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десетгодишно дете почина откако беше прегазено на „Пластичарска“ во Скопје

Редакција

Заостанат долг за вода без камата во Скопје ќе може да се исплати од 2 до 15 ноември

Редакција

ЕВН ги санира далекуводите кои беа зафатени во велешкиот пожар

Редакција