еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Во скопски Центар, Гази Баба, Лисиче, Ректорат и во Струмица два дена алармантно загадување

На мерните места во Скопје во Центар, Гази Баба, Лисиче и Ректорат и во Струмица во изминатите два дена надминат е прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ10), информира Министерството за животна средина и просторно планирање.

Тоа, како што појаснуваат, значи дека во два последователни дена е надмината вредноста од 150 микрограми на кубен метар на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (ПМ10) во амбиенталниот воздух.

Според податоците, среднодневните концентрации на ПМ10 честичките во амбинеталниот воздух на 25 декември во Центар изнесувале 181,48, во Гази Баба 167,48, во Лисиче 221,27, кај Ректорат 186,38 и во Струмица 261,81 микрограми на кубен метар.

На 26 декември среднодневните концентрации во Центар биле 187,25, во Гази Баба 210,89, во Лисиче 267,66, кај Ректорат 204,04 и во Струмица 305,11 микрограми ПМ10 честички на кубен метар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој се е оштетен со Годишната програма на Министерство за култура: „Танец“ сотрен, Ансамблот на албански народни ора и песни колку барал толку добил

Редакција

Итно е потребна помош за да се спаси срцето на петмесечното бебе Аника

Редакција

Обвинителен предлог за три физички и едно правно лице за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој загинаа 14 лица

Редакција