еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Софија разгледани македонските одговори на последните бугарски предлози од пакетот политички прашања, велат од МНР

Четвртата рунда експертски разговори меѓу тимовите на министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија, ангажирани во дијалогот по т.н. пакет на политички прашања денеска во Софија поминала во конструктивна и отворена атмосфера, велат од Министерството за надворешни работи (МНР).

Како што соопшти МНР, биле разгледани последните предлози испратени минатата година од страна на Македонија во одговор на предлозите на бугарската страна претставени на третиот круг експертски консултации кои се одржаа во септември лани во Скопје.

-Тимовите на министерствата за надворешни работи го потврдија ангажманот за поддршка на активен дијалог насочен кон изнаоѓање заемно прифатливи решенија за клучните теми од билатералната политичка агенда, наведуваат од МНР.

Денешната средба беше договорена меѓу министрите за надворешни работи Бујар Османи и Теодора Генчовска за време на заедничката меѓувладина седница на двете држави од 25 јануари годинава.

Во духот на напорите за создавање на нова позитивна динамика, заемно беше изразена неопходноста за интензивно продолжување на разговорите за т.н. пакет политички прашања, велат од МНР.

Состанокот на експертско ниво, меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, е во рамки на обновениот македонско-бугарски дијалог за надминување на отворените политички прашања и интензивирање на соработката меѓу двете земји.

Следниот круг на експертски разговори, како што најавуваат од МНР, ќе се одржат во најскоро време во Скопје.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Училиштата од Општина Бутел ќе бидат дел од општествено одговорната кампања на „Макпетрол”

Редакција

„Аполо инженеринг“ и „КИ-ЕМ“ го добија тендерот на Град Скопје за зимско одржување на улиците вреден 1,3 милиони евра

Редакција

Кои се новите потпретседатели на СДСМ

Редакција