еМагазин
Македонија

Во струмичката болница нема слободен кревет за заболени од Ковид-19

Во струмичката болница сите капацитети за сместување на Ковид-пациенти се исполнети.

Медицинска помош добиваат вкупно 83 граѓани, од кои 40 се на болничко лекување, а 43 се лекуваат со примање терапија во дневна болница.

Директорот д-р Наќе Гогов информира дека во последните денови добра вест е што нема нови позитивни на Ковид-19 од медицинскиот персонал.

Тринаесетте сестри, двајцата лекари и еден техничар, кои досега беа во изолација, се вратиле на извршување на работните врски.

„Покрај нив, во работата ни помагаат и 23 специјализанти, кои се распоредени во одделенијата на болницата. Можам да кажам дека по подолго време имаме доволно медицински персонал и сето тоа придонесува работата да тече колку-толку нормално.

Се надевам дека така ќе остане, но како здравствени работници не загрижува големиот број на заболени од Ковид-19 и затоа уште еднаш апелираме до граѓаните строго да се придржуваат до мерките за заштита“, рече д-р Гогов.

Според вчерашните податоци во струмичкиот регион досега се регистрирани 1.571 случаи на ковид дијагностицирани, од кои активни се 671, а од последици од коронавирусот досега починале 53 лица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десет корисници и двајца вработени во Домот за стари Куманово позитивни на Ковид-19

Во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 19 нови пациенти поради компликации од Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продадени три стана и гаража на Мијалков за 332 илјади евра

Редакција

Емилија Рамбабова на местото на Јагода Шахпаска во Собрание

Редакција

Германскиот парламент го ратификува македонското членство во НАТО, „жолчна“ расправа и за ЕУ

Редакција