Властите во Туркменистан ја забранија употребата на зборот „коронавирус“ и го исклучија од секојдневниот говор, со цел да ги скријат информациите за пандемијата, соопшти невладината организација Репортери без граници.
Според Репортери без граници на сите медиуми им се забрането да го употребуваат зборот „коронавирус“, а исто така терминот е исфрлен од сите официјални брошури, што Министерството за здравство на Туркменистан ги подели во училиштата, болниците и другите државни институции.
Граѓаните кои надвор се движат со маски и зборуваат за пандемијата на Ковид-19 ризикуваат да бидат уапсени.
Претходно, претседателот на Туркменистан, Гурбанбугли Бердимухамедов ги посоветува граѓаните да се лекуваат со народниот лек односно со растението див седеф (Peganum harmala). Тој наредил растението да се користи за дезинфекција на јавните места во државата.
Во Туркменистан нема инфицирани луѓе со новиот коронавирус.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Шеталиштето покрај море во Солун „отиде“ во самоизолација
Мерка против коронавирусот: Во Панама мажите и жените во различни денови ќе излегуваат надвор
Дебар, Скопје и Куманово во 4 фаза, какви се проценките на ризикот за ширење на коронавирусот
35 случаи на здравствени работници заболени со коронавирусот, 26 се заразиле во болница