еМагазин
Image default
Бизнис

Во јули зголем бројот на туристи, особено на странските

Во јули годинава во земјава се евидентирани 197.273 туристи, од кои 46 % се домашни, а 54 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јули изнесува 742.970, од кои 71.4 % се од домашните туристи, а 28.6 % од странските.

Во периодот јануари – јули 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 25.3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.2 %, а кај странските за 44 %.

Бројот на ноќевањата, пак, во периодот јануари – јули годинава, во споредба со лани, е зголемен за 12.4 %, и тоа кај домашните туристи за 0.7 %, а кај странските за 28.4 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во октомври издадени помалку градежни дозволи

Редакција

11 нови вработувања во Управата за хидрометеролошки работи

Редакција

97 градежни лиценци од проверени 643 ќе бидат одземени

Редакција