Во велешката Општа болница продолжува црниот биланс, вчера попладне починал 79-годишен маж, негативен на Ковид-19, а вечерта бил донесен маж на 63 години во тешка состојба, позитивен на Ковид-19, кој починал набрзо по приемот.
Утринава починале уште четворица пациенти, три жени на 81, 85 и 76-годишна возраст, како и еден маж на 59 години. Сите биле Ковид-позитивни.
Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковкса Николова, вкупниот број на хоспитализирани пациенти е 80, од кои 69 се позитивни, 10 се сомнителни на Ковид-19 и еден е негативен, додека од пациентите 30 се на кислородна поддршка.
На Инфективно одделение има 54 пациенти и е целосно полно, на Физикално одделение хоспитализарни се 15, а има уште слободни десет кревети и на Интерно Б крак има хоспитализирано 11 пациенти, а има 15 кревети.
МИА/Фото: МЗ