еМагазин
Image default
Македонија

Во велешката болница за 24 часа починаа двајца пациенти од Ковид-19

Во изминатите 24 часа во велешката болница како последица од Ковид-19 починаа двајца пациенти – жена на 70 години од Велес, примена пред две  недели, и маж на 58 години од Оризари, примен пред два дена.

Како што информираше портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, во болницата се хоспитализирани 65 пациенти, од кои 56 потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум со негативни тестови.

На кислородна поддршка.се 15 пациенти.

На Инфективно се лекуваат 47 пациенти, на Физикална 11, а на Интерното одделение се седуммина пациенти.

Д-р Неделковска-Николова информираше дека на Интерното – крак Б се лекуваат пациенти кои веќе се излекувале од Ковид-19, но имаат последици од болеста.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.163 случаи на Ковид-19 од 3.927 тестирања

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 566 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

На „црната листа“ на САД може да се најдат и актуелни функционери, вели Пендаровски

Редакција