еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во ВМРО-ДПМНЕ пристигнале осум кандидатури за претседател на државата

До архивата на ВМРО-ДПМНЕ, до синоќа на полноќ, кога заврши огласот за кандидати за претседател на државата пристигнати осум кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле да стигнат и по пошта, информираше денеска Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

“Сите кандидатури дополнително ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за проверка на законски предвидените услови за кандидати за претседател на Република Македонија, по која што проверка, најдоцна до вторник ќе бидат соопштени и имињата на кандидатите кои ги исполнуваат законските услови за кандидат за претседател на Републиката.

Сите кандидати кои ги исполнуваат условите за претседателски кандидат ќе им биде обезбедено време и простор за презентација на нивната програма од страна на партијата пред општинските комитети и членовите во период од 6 до 16 февруари.

ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи достапност до партиските ограноци за секој кандидат подеднакво, согласно принципите на демократијата, со цел членството да може да ги слушне нивните идеи, ставови и аргументи.

ВМРО-ДПМНЕ е прва партија во Македонија, која отвора еден вака широк процес на презентација типичен за развиените  демократии, каде секој кандидатот има можност за непосредни средби со членството и негово запознавање со своите гледишта за државата.

Ваквиот процес е со цел низ еден транспарентен и демократски процес да биде избран кандидатот кој ќе го претставува мнозинското мислење на граѓаните, ќе ги застапува нивните идеи и ќе работи во  согласност со Уставот и законите во полза на сите граѓани“, рече Мисајловски.

Кандидатот за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде избран со тајно гласање на престојната Конвенција на партијата во Струга, која ќе се одржи на 16 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Филип Петровски, вториот официјален кандидат за претседател на државата

(Видео) Влатко Ѓорчев -„Тоти“ со спомен кон Борис Трајковски ја почна кампањата за претседател

Студентите ја обожаваат: Која е Гордана Силјановска-Давкова, можен кандидат за претседател на државата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг ББ- на Македонија

Редакција

Полицајци сведочеа на судењето за насилниот протест за пресудата за “Монструм“, уште едно лице призна вина

Редакција

МВР трага по Панчевски, поранешниот претседател на Кривичниот суд, кој доби 30 дена притвор

Редакција