Конференцијата на „Економист“ се случува во многу важен момент за Северна Македонија и Западен Балкан по Преспанскиот договор очекувањето беше дека Европскиот совет ќе ја покани вашата земја да отвори многу брзо прегвори за членство. Со тоа што во јуни ја одложи одлуката сега сите очи се вперени на средината на октомври кога се очекува да се донесе одлука за отворање на преговорите за членство во ЕУ.
Ова го изјави регионалната директорка за Европа на Економист, Џоан Хои на отворањето на конференцијата „Зајакнување на моментумот за европска интеграција“ во организација на економскиот магазин „Економист“ што се одржува денеска во Скопје.
Таа посочи дека 16 години поминаа кога Европската унија даде јасна перспектива за земјите од Западен Балкан.
„Земјите од Западен Балкан веќе се нетрпеливи и повеќе не сакаат да бидат во чекалната на ЕУ“, посочи регионалната директорка на Економист за Европа на отворањето на Самитот.
Самит за Западен Балкан во организација на весникот Економист
Свечено отворање и воведни обраќања на настанот на Самитот за Западен Балкан, во организација на весникот Економист – „Зацврстување на моментумот за Европска интеграција“#EconWesternBalkans
Posted by Zoran Zaev on Вторник, 01 октомври 2019
Премиерот Зоран Заев во свеото обраќање рече дека верува дека добрата вест за почнување преговори со Европската унија ќе влијае позитивно на целиот регион и на Европската унија и оти ќе биде препознаен напредокот на реформите во решавање на проблемите.
„Регионот е сменет, се стреми и создава услови за натамошен развој и интегрирање“, истакна премиерот Зоран Заев.
Како што потенцираше премиерот, регионот станува пример дека со заедништво и со инвентивни решенија може да се надминуваат проблемите.
„И мала држава како Република Сверна Македонија може да носи порака на свежина, промена и надеж и да биде добра вест“, потенцира Заев, посочувајќи дека Договорот од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот.
„Тој е корисен пример за многу други отворени прашања. Секој проблем е различен и специфичлен, но дијалогот и дипломатијата остануваат најдобриот пристап во нивното решавање. Како лидери на своите земји им должиме на граѓаните да ги решаваме проблемите, да го одржуваме мирот и да создаваме услови за развој и подобар живот на сите“, рече Заев.
Денеска, како што истакна тој, од овде преку еминетниот „Економист“ сакаме низ светот да одекне добрата вест дека овој регион е сменет и дека регионот нема повеќе да биде заглавен повеќе не е заглавен во конфликти и во безидејна иднина.
„Ерата на манипулативните националистички реторики е минато. Сите заедно грабиме кон посветла иднина. Берлинскиот прцес ја постигна целта да го зголеми интересот на Западен Балкан и да не стави на мапата на соработка на земјите членки на ЕУ.
Спроведувањето на агендата за конективност на Берлинскиот процес и повеќегодишниот Акциски план за регионална економска зона има важна цел да го забрза развојот на регионот и да го подобри квалитетот на животот на нашите граѓани. Регионот зборува активно за дигиталзиација, заедничкиот настап на европскиот и глобалните пазари, царинските олеснувања, заедничките гранички премини, фондови за иновации…,“ рече Заев.
Самитот продолжи со обраќање на помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, а меѓу гостите се и поранешните премиери на Грција и на Белгија, Алексис Ципрас и Ги Верхофштат и поранешниот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц.
Учесниците на Самитот дебатираат за тоа што може да се направи за да се обезбеди побрз раст и да се зголемат инвестиците во регионот.
Нашата држава првпат е домаќин на настанот, во организација на „Економист“ најпознатиот неделен економски магазин, кој има милионски тираж и е основан во 1843 година.
МИА/Фото/Видео/Фејсбук/Зоран Заев