еМагазин
Image default
Локално

Водата во Преспанското Езеро хемиски и микробиолошки исправна

Водата во Преспанското Езеро според физичко-хемиските параметри е прва и втора класа, а микробиолошки е одлична, покажуваат резултатите од испитувањата на Центарот за јавно здравје – Битола.

Проценките за ризик од водата и плажите, како што е наведено во информацијата, покажуваат дека Преспанското Езеро претставува средина која слободно може да се користи за спорт и рекреација.

– Во првата половина на 2019 година, водата од езерото на плажите според физичко хемиските параметри е прва и втора класа, според правиникот за класификација на води сл. Весник на РМ18/99 чл.2,4, а според микробиолошките параметри е одлична, според Правилник за начинот и мерките за управување со водите за капење, техничките критериуми и целите за квалитетот за водата за капење, како и начинот и постпаката за информирање на јавноста за резултатите од мониторингот за водата за капење сл. Весник на РМ бр.129/16, соопшти Центарот за јавно здравје – Битола.

Мострите се земани во периодот од 1 јануари до 30 јуни годинава од плажите и објектите во туристичките населби и населени места на брегот на Преспасното Езеро и од површинската вода и водата за капење.

Фото: Општина Ресен/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки фотографии) Вреќи со убиени кучиња од страна на ветеринар пронајдени во Кумановско

Редакција

Бидете внимателни при посетите на Водно: Зголемен ризик од пожари заради високите температури

Редакција

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на трите млади момчиња во Италија

Редакција