Од почетокот на пандемијата до денеска, на територијата на општина Валандово се регистрирани вкупно 20 инфицирани пациенти од коронавирусот од кои девет се веќе оздравени, а моментно активни се, до сега рекордни 11 случаи.
Здравствените власти упатија предупредување дека епидемиолошката состојба во општината се влошува, поради што вонредно заседаваше и Кризниот штаб со кој раководи градоначалникот Перо Костадинов.
Поради влошената епидемиолошка слика беа донесени заклучоци со кои се наложува максимална институционална вклученост на сите чинители во борбата против Ковид-19, да се интензивираат контролите на полицијата и пазарниот инспекторат низ општината и редовно да се дезинфицираат детските градинки, училиштата и останатите институции во општината.
Од ТППЕ Валандово и јавното комунално претпријатие беше побарано секојдневно да вршат дезинфекција на улиците и јавните површини,а до граѓаните беше упатен апел за целосно почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот и на пропишаните протоколи за работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во гевгелиско, 25 пациенти со сериозни здравствени проблеми предизвикани од Ковид-19
МИА/Фото: Општина Валандово