еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Возачот на „шевролетот“ бил пијан: Детали од Обвинителство за сообраќајката кај Штип во која загинаа три лица

Основното јавно обвинителство денеска излезе со информација за вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Штип-Миладиновци во која загинаа три лица.

Според направениот увид и првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „шевролет“ со скопски регистарски таблици, во кој се превезувале петмина патници од едно семејство кои се враќале кон Скопје од веселба во Кочани, почнал да претекнува возило „тојота“ со кочански таблички во кое се превезувале две лица.

Во моментот на престигнувањето, возачот на „шевролетот“ загубил контрола врз возилото по што прво удрил во левата банкина, а потоа се одбил и удрил во автомобилот кој паралелно го претекнувал.

Како последица на сударот, двата автомобила се превртеле во канал покрај патот, при што животот го загубиле три лица од скопскиот автомобил – сопруга, ќерка и мајка на сопругата на возачот.

Останатите четворица учесници во несреќата се здобиле со телесни повреди, а најтешки повреди се констатирани кај сопатникот во кочанското возило.

Првичното тестирање кај возачот на автомобилот „шевролет“ покажало присуство на алкохол, но дополнително, со цел да се утврди точниот процент, земени се примероци од крв за анализа.

На местото на несреќата е повикан сообраќаен вештак, а Обвинителството ќе издаде наредба за комплетно сообраќајно вештачење.

– Се обезбедува целокупна медицинска документација за повредените и починатите во несреќата. По целокупното испитување на настанот, јавниот обвинител ќе донесе одлука за натамошниот тек на постапката, се вели во соопштението.

Тројца од повредените кои беа хоспитализирани во Клиничка болница Штип се пуштени на домашно лекување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трета жртва во сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци, почина и 37-годишна жена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика

Редакција

Филипче: Почитувањето на превентивните мерки е клучот за враќање во нормала

Редакција

Нови 284 случаи на Ковид-19 од 1.258 тестирања, бројот на активни случаи 11.457

Редакција