еМагазин
Image default
Бизнис

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки

Сите возила кои заклучно 1 октомври 2020 година влегле на територијата на државата и се со странски регистарски таблички, ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки за 50 проценти од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук.

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на државата.

Според Предлог-законот кој стапува на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник, по усвојување од Собранието, возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови: сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон и да поседува важечка сообраќајна дозвола, осигурување и зелен картон и да влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година.

„Целта на ова законско решение е можност на граѓаните, сопствениците или корисниците да можат да ги регистрираат возилата со странски регистарски таблици на територија на државата,“ информира Бектеши.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проверете дали сте на новата Листа на должници на УЈП

Редакција

Халкбанк купи осигурителна компанија

Редакција

На продажба имотот на телевизијата „Нова“

Редакција