Додека вчера се водеа мировни преговори помеѓу Украина и Русија во укранскиот град Харков, втор по големина, во руски напад биле убиени најмалку девет цивили, од кои три се деца, велат украинските власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина: Преговорите се тешки, руската страна е крајно пристрасна
Путин има три услови за да ја прекине инвазијата во Украина
Информацијата ја соопшти градоначалникот, Ихор Терехов.
„Денес имавме многу тежок ден. Тоа ни покажа дека ова не е само војна, ова е масакр на украинскиот народ“, соопшти тој на својот профил на Телеграм.
„Ракети погодија станбени згради, убивајќи и ранувајќи цивили. Харков не видел таква штета долго време. И ова е ужасно“, соопшти тој, потенцирајќи дека четири лица излегле од прифатилиштето за да добијат вода и биле убиени.
“Семејство од двајца возрасни и три деца изгоре живо во својот автомобил“, рече тој.
Повредени се уште 37 лица.
Росіяни обстріляли Харків pic.twitter.com/tj3DgDSAZl
— Українська правда
(@ukrpravda_news) February 28, 2022
Украинскиот претседател Володимир Зеленски по нападот на Харков ја обвини Русија за „геноцид“ врз цивилното население и за воени злосторства.
Фото: Руско министерство за одбрана/видео: Твитер/видео: Украинска правда/Зеленски/Фејсбук