еМагазин
Image default
Бизнис

Вработените во сектор игри на среќа сакаат да бидат дел од изнаоѓање на решение за законот

Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ бараат да бидат вклучени во изнаоѓање на решение во подготовките на новиот закон.

Нивното соопштение го пренесувамње во целсот:

„Со месеци сме предмет на жестока негативна кампања со која игрите на среќа треба да се претстават во јавноста како „дувла“ на беззаконие и како извор на зло за младите генерации.

Тргнувајќи од фактот дека во објектите на сите категории игри на среќа сме вработени околу 7.700 луѓе, индиректно се засегнати најмалку 23.000 граѓани, кои преку нашите работни места обезбедуваат егзистенција, а истовремено оваа дејност индиректно подржува и помага речиси 54.000 работни места,во интерес на вистината и реален приказ на состојбите во оваа дејност одлучивме да се организираме во Здружение на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“.

Како една од најуредените професии во земјата, ги уживаме сите права од работниот однос, ни се плаќаат и прекувремени часови и работа на празници. Се е 100% законски! И ние сме родители, најчесто на малолетни деца,и никогаш не би се согласиле да работиме нешто што им прави штета на младите, бидејќи така работиме и против сопствените деца.

Со особено внимание и целосна почит за интересот за оваа тема, ги проследуваме сите негативни и критички информации кои се изнесуваат, но ја уверуваме јавноста дека најголемиот дел од нив не се одраз на фактичката состојба. Ја разбираме загриженоста на дел од граѓаните дека спортските обложувалници, видео лотаријата т.н. VLT, автомат клубовите и казината можат да ги заведуваат младите, но пред да се донесе конечен суд треба да се запознаат сите околности.

Вработени сме во објекти кои се носители на светски познати и реномирани брендови од овој бизнис, затоа кај нас одамна е задолжително да се имплементираат сите највисоки стандарди на ЕУ. Во нашите објекти влегуваат најмногу 3% од полнолетната популација, кои се традиционални играчи. Некој од нив игра од забава, некој игра за да заработи плус, некој за да си ја задоволи играчката страст. Кај нас многу ретко некој влегува од љубопитство.

Се работи за луѓе кои претходно веќе играле, најчесто во западните земји и тука си ја пробуваат среќата. Дури, во автомат клубовите имаме дежурен психолог кој стои на располагање за секој играч кој евентуално ќе почувствува зависност од игрите на среќа. Тој веднаш може да го контактира за стручна помош. Во ниту еден објект,не смеат да влегуваат малолетници и секој наш апарат 365 дена во годината е поврзан со УЈП. Ниту нешто црно се случува, ниту сме „црни ѓаволи“ како што некој упорно сака да не претстави.

Ние не бегаме од дополнителна регулација на сите категории игри на среќа.

Правните тимови на компаниите во кои работиме уште минатата година до Собранието на Република Северна Македонија доставија предлози – амандмани за подобрување на предложениот законски текст за организирање игри на среќа. Тоа е најдобра потврда дека ниту еден чинител во оваа дејност не бега од дополнителна регулација.

Евентуалната одлука да се следи примерот на Косово и Албанија, и во Северна Македонија да се забранат игрите на среќа, е целосно погрешно решение. Исто така, одговорно тврдиме дека предлозите за дислоцирањето на објектите во кои се организираат игрите на среќа нема да ја постигне целта за која јавно се залагаат заговорниците на ова решение.

Само ќе стават во опасност 7.700 луѓе, кои ќе останат без работа и најверојатно ќе заминат од земјата. Она што е апсурдно е што ќе ја работат истата работа во некоја европска земја. Целосно погрешно е верувањето дека дислоцирање на објектите ќе ги спречи граѓаните да играат игри на среќа. Едноставно, пробувањето на среќата е дел од човечкиот карактер. Игрите на среќа имало и ќе ги има секогаш.

Сигурни сме дека едно избрзано решение само ќе креира предуслови за отворање на „диви“ играчници, надвор од регулацијата на надлежните институции, каде младите ќе бидат далеку повеќе загрозени, а државниот буџет со намалени приходи. Доволно е да се потсетиме на аферата „Детонатор“, од 2011, кога полицијата заплени околу 1.000 диво поставени покер апарати во нелегални коцкарници.

Постојат поефикасни решенија од инсистирањето на затворање или дислоцирање на објектите со игри на среќа, како на пример, напуштање на досегашната пракса за издавање на лиценца за трговското друштво и воведување на лиценца за секој објект во кој се организираат игри на среќа. Јавноста треба да земе предвид дека игрите на среќа до сега обезбедуваат буџетски приходи од четвртина милијарда евра на годишно ниво.

Нашиот претставник Албрим Шаќири, учествуваше на јавната расправа организирана од Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Северна Македонија и побара од надлежните државни институции, пред да донесат конечна  одлука со какви измени и дополнувања ќе се интервенира во законот за игрите на среќа, да ни биде овозможено со нашите предлози, мислења и лично искуство да влијаеме на носење поквалитетно решение со целосен опфат и државна контрола на сите видови игри на среќа.

Подготвени сме со аргументи и факти да се соочиме со сите кои мислат поинаку од нас, и на јавноста да и објасниме дека младите генерации не се под закана од игрите на среќа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Eксклузиво интервју со Зоран Пухач: Предлог-измените на Законот за игрите на среќа ќе доведат до пораст на црниот пазар каде никој, па ни малолетници нема да имаат никаква заштита

АСОМ: Законот за игри на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка и 7.700 луѓе кои остануваат без работа

АСОМ: Измените во Законот за игрите на среќа го отвораат патот на нелегалното кладење

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На распродажба имотот на ТВ Нова: Се нудат автомобили, камери, компјутери…

Редакција

Од ноември ќе нема лет Скопје-Женева

Редакција

Финансиски систем е стабилен, но постојат ризици од геополитичките тензии, оцени Народна банка

Редакција