еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

На Пирин во Бугарија пронајден починат турист по потекло од Македонија

Бугарските надлежни служби соопштија дека е утврдено оти телото на вториот починат турист пронајден на една од падините под врвот Вихрен на планината Пирин му припаѓа на 55-годишниот Драган Глишиќ, жител на Австрија по потекло од Македонија.

Како што информира бТВ, по речиси 20-часовната спасувачка акција на падините на Пирин, телото на Глишиќ и на вториот починат, 69-годишниот бугарски државјанин Пламен Христов се пренесени на обудкција.

Дописникот на МИА од Софија јави дека е утвредено оти Глишиќ и Христов починале како последици на повреди здобиени при пад.

Глишиќ допатувал сам во Банско пред Нова година со неговиот автомобил со австриски регистарски таблички. Според неговиот пријател Горан Безениќ, тој и Глишиќ се познаваат од деца и често патувале низ Европа.

Безениќ посочува дека Глишиќ претходно бил службено во земјава, од каде заминал на скијање во Банско.

Бугарските медиуми посочуваат дека останува мистерија како телата на двајцата починати завршиле едно до друго, имајќи предвид дека според расположливите информации тие не се познавале и Глишиќ немал пријатели во Бугарија.

Јавното обвинителство на Бугарија започна предистражна истрага за смртта на Глишиќ и Христов.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Разрешени заменик министрите Асани, Абедини и Алиу

Редакција

Нови 1.722 случаи на Ковид-19 од 4.939 тестови, 250 се реинфекции

Редакција

Затворањето граници не влијае многу за спречување на ширењето на корона вирусот

Редакција