Кривична пријава е поднесена против двајца полициски службеници од Крива Паланка поради примање поткуп, информираат од МВР.
-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното обвинителство поднесе кривична против полициските службеници Д.С. и Б.П., вработени во ПО за БПС Крива Паланка при СВР Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп” по член 357 од КЗ, се наведува во соопштението од МВР.
Имено, полициските службеници на 15. овој месец за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од две лица, странски државјани, во износ од 100 евра. Полициските службеници се изведени пред јавен обвинител, а од страна на истражен судија им е определена мерка притвор од 30 дена.
Фото: МВР