еМагазин
Image default
Локално

За еден час изречени 80 сообраќајни санкции во Куманово

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Куманово, соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Куманово.

„Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата“, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Куманово да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

„Само за еден час во денешната акциска контрола во Куманово изречени се 80 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, пречекорена брзинаи др. “, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола ќе бидат презентирани утре.

Фото:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради оперативно-тактичка вежба посебен режим на сообраќајот во Скопје

Редакција

Скопјанец пронајден мртов во домот

Редакција

Неверојатен случај во Куманово: Тројца лихвари му зеле „камата“ од над 15.000 евра

Редакција