На 21.07.2019 Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори и за контрола на брзина на движење на моторни возила, информира МВР.
Во периодот од 20.00 до 24.00 часот, при контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и два останати прекршоци.
Во периодот од 06.00 до 24.00 часот, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Откриени се и 68 останати прекршоци.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.