Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) заклучно со 29 август покажуваат дека се регистрирани заболени лица во сите возрасни групи.
“Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1599, 25,1%).
Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=125; 2,0%).
Во однос на претходната недела, се забележува намалување на заболените лица кај сите возрасни групи, освен кај возрасните групи 40-49 години и над 60 години, каде се забележува зголемување на бројот на случаи.
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.102 (48,8%) лица од машки и 3.259 (51,2%) од женски пол“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вкупно 347 лица починале од Ковид-19 надвор од болница
Вкупно 431 граѓани во Македонија повторно се заразиле со Ковид-19
Фото: МИА