еМагазин
Image default
Македонија

За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик за работење во безбедносните служби

За околу 50 вработени од поранешната УБК има утврдено безбедносен ризик за работење во безбедносните служби и ќе мора да го напуштат МВР со што би се распределиле во други државни институции, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на првиот академски час на Факултетот за безбедност.

Министерот рече дека вработените во УБК кои не аплицирале за новата агенција остануваат во МВР, а оние кои не го поминале ветингот одат во други институции.

-Работиме на подготовка на систематизација со цел да добијат решенија во МВР, освен за оние за коишто има утврдено безбедносен ризик кои ќе мора да го напуштат Министерството за внатрешни работи  и да бидат префрлени во други институции од коишто ќе бидат прифатени, истакна Спасовски.

Од сведоците во случајот Таргет-Тврдина, луѓето кои ги открија и изнесоа од Управата нелегално снимети материјали „бомбите“ само Звонко Костовски аплицирал и е примен во Агенцијата за национална безбедност, додека пак Ѓорги Лазаревски воопшто не аплицирал и останува во МВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МКД: Обвинителите за „Рекет“ најмногу информации добиле од Стефанова и Кичеец

Редакција

Полесно ќе закажуваме тестирање на корона вирусот преку матичните лекари

Редакција

Кривичен суд: Барањата за амнестија испратени на мислење кај надлежното обвинителство

Редакција