еМагазин
Image default
Локално

За организирање прослава во затворен простор кривична пријава за 14 лица од беровско Двориште

За организирање прослава во затворен простор, вкупно 14 лица од село Двориште заработиле кривична пријава од беровската полиција.

Во соопштението од полицијата стои дека лицата се товарат за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово до Основно јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Ј.К.(40), Х.М.(21), К.С.(41), Д.К.(54), Д.М.(43), С.К.(37), З.Ч.(40), Т.К.(31), П.К.(58), Б.П.(30), Б.К.(25), Н.Џ.(22), Д.Џ.(26) и Т.К.(40), сите од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик, се вели во информацијата од беровската полиција.

Како што стои во нивното соопштение, пријавените на 13.01.2021 околу 01:00 часот во продавница во с.Двориште организирале и зеле учество на прослава во затворен простор, со што постапиле спротивно на здравствените прописи со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на ширење на заразната болест Ковид 19.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Семејството Гребенакови имаат штета од 60.000 евра по вчерашниот пожар во Карбинци

Редакција

Општина Чаир средствата предвидени за новогодишно украсување ќе ги додели на семејствата на жртвите во автобуската несреќа

Редакција

Скопјанец нападнал сообраќаец

Редакција