Во периодот од 12 до 20 јуни според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), регистрирани се нови 1.406 заболени лица од корона вирусот во сите возрасни групи.
„Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 340 (24,2%) позитивни.
Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=273; 19,4%), 50-59 (n=261; 18,6%) и од 40-49 години (n=229; 16,3%).
Најмал број е регистран кај децата од 0-9 (n=53; 3,8%) и 10-19 години (n=58; 4,1%)“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин редовно ја пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чаир стигна до 394 активни случаи со Ковид-19: Како изгледа бројот на заразени по скопските општини
Хоспитализирани 18,6 од новозаразените со корона вирусот, 32,6% се со претходни заболувања
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.