Во текот на 2020 година со работењето на Централна кооперативна банка АД Скопје управуваа три членови на Управниот одбор (УО) и на бруто-основа се исплатени вкупно 8,5 милиони денари по основ на плати по менаџерски договори, кој претставува фиксен дел и не е исплатен варијабилен надоместок за оваа година, стои во годишниот извештај на Банката, објавен преку Македонската берза.
“На 22 лица со посебни права и одговорности, на бруто-основа се исплатени вкупно 32.2 милиони денари за плати и плати од деловна успешност, од кои 31.59 милиони денари претставуваат фиксен и 0,63 милиони денари претставуваат варијабилен надоместок“, велат од Банката.
Членови на УО на Банката се Неделин Валчев, претседател, Орце Трајковски, член и Станимир Станчев, член.
“Претседателот на УО исто така, ги извршуваше и функциите претседател на Кредитниот одбор на Банката и член на Одборот за управување со ризици.
Членот на УО, Трајковски, ја извршуваше и функцијата заменик-претседател на Кредитниот одбор, додека, пак, Станчев, освен што беше член на УО, исто така, беше и член на Одборот за управување со ризици“, велат од Банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Централна кооперативна банка значително ја зголеми добивката и покрај кризата од Ковид-19