еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За плати, награди и надоместоци на Управниот одбор на Макпетрол лани исплатени 45,7 милиони денари нето

Во текот на 2020 година, членовите на Управниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје оствариле нето-примања по основ на плата и надоместоци на плата, по основ на други права, дел од учество во добивка, како и по основ на награди, во вкупен износ од 45.771.778 денари, стои во годишниот извештај на компанијата објавен преку Македонската берза.

Членови на Управниот одбор на Макпетрол се Андреја Јосифовски, Саша Лекиќ, Јован Трповски, Зоран Доневски, Саша Бошковски и Марија Јосифовска Спасовска.

“Во текот на 2020 година, членовите на Надзорниот одбор на „Макпетрол“ АД Скопје, по основ на награда, оствариле нето-примања во вкупен износ од 1.920.000 денари“, се вели во извештајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“ оствари добивка од 37,2 милиони денари во првите три месеци од годинава

Како работеле лани Макпетрол и подружниците Телма, Петролмак…

Фото: Макпетрол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приоритети ќе останат исти и по приклучувањето на Алтернатива, велат од Влада

Редакција

ЕСМ нема да склучи договор со „Скопје Север“ ако нема исплата на стариот долг

Редакција

Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме на чиј терен е топката, му врати Генчовска на Османи

Редакција