еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За Радев претепувањето на секретарот “Цар Борис Трети“ било резултат на систематските кршења на правата на Бугарите во Македонија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев по повод физичкиот напад врз Христијан Пендиков во Охрид, секретар на  бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, објави дека „категорично ги осудува систематските кршења на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и всадувањето омраза кон нив“, од што, како што вели, „резултат беше нападот врз Бугаринот Христијан Пендиков во Охрид“.

-Декларираните амбиции за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија и преземените заложби за реформи и зајакнување на демократските норми во земјата се разидуваат со реалноста во која живеат Бугарите кај нашиот југозападен сосед, напиша Радев на Фејсбук.

Соопшти дека Бугарија е подготвена да организира воздушна евакуација на Пендиков и да обезбеди негово лекување и дека уште еднаш ќе го сврти вниманието на шефовите на држави и влади во Европската Унија, како и на европските институции и на Советот на Европа, кон прашањето за почитување на правата на Бугарите во Македонија.

– Систематското кршење на нивните права беше основа на ставот на Бугарија дека европската интеграција на Република Северна Македонија треба да се заснова на вистински напредок во искоренувањето на јазикот на омраза кон Бугарија и Бугарите и почитување на правата на македонските Бугари, додава Радев во објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДК: Натепаниот секретар на бугарскиот клуб минатиот декември бил фатен со кокаин, го натепале лица повеќе пати пријавувани за нарушување на ред и мир

Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Кораб од инфаркт починал 60-годишен планинар

Редакција

Палмер: Македонија во НАТО најрано за 18 месеци ако се спроведе договорот со Грција

Редакција

„Слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност,“ им порача Османи на Македонците во Албанија кои трпат притисоци да се пишат Бугари

Редакција