еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во кои случаи се води истрага за Камчев

Според податоците на Агенцијата за национална безбедност, бизнисменот Орце Камчев се подготвувал за бегство и оттука тој бил приведен во полициска станица.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека ќе постапат согласно надлежностите и ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор, бидејќи Камчев е осомничен во истрагата „Плацевите на Водно”, за нелегално купените плацеви на Водно за поранешниот премиер, Никола Груевски.

За Камчев се води истрага и во случајот „Империја“ во кој освен него се осомничени и Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски.

Тие според поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), кое го отвори случајот, а кој сега е во надлежност на Јавното обвинителство, се осомничени за кривичните дела злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари и „други приноси од казниво дело“.

„Во текот на предистражната постапка обезбедени се доволно докази од кои произлезе основано сомнение дека во периодот од 2002 година до 2013 година осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаат на товар лично и преку правни лица кои биле или се во нивна сопственост.

Во скоро време се очекува и проширување на истрагата кон нови лица и за нови кривични дела, а во насока на обезбедување на имотно – правните барања од оштетените лица и обезбедување на предметите кои потекнуваат од кривичните дела ќе бидат побарани и мерки за привремено обезбедување на имот“, соопштија во 2018 година од поранешното СЈО за овој предмет.

Ова дело исто така е познато е и по тоа што дел од доказите за него беа уништени во поплава од пукната цевка во просториите на СЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Одреден 30-дневен притвор: Камчев затскриен со капче и заштитна маска, спроведен во затворот во Шутка

Приведен бизнисменот Орце Камчев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски во работна посета на САД: Со кој се ќе се сретне

Редакција

Кој беше Абу Бакр ал-Багдади, „калифот“ кој донесе смрт и ужас

Редакција

Матични лекари разочарани: Власта ги изостави од ковид поддршката иако се во првите борбени редови 

Редакција